x

Во несреќата загинала и една од ќерките на Брајант

Според најновите вести од Лос Анџелес, меѓу петте жртви на хеликоптерската несреќа која се случила утрово по локално време, освен Коби Брајант е и една од неговите ќерки – Џана Марија Оноре. Таа имаше 13 години и била една од патничките во хеликоптерот. Исто така се зборува дека меѓу патниците била и една другарка на ќерката на Коби.

Според некои информации, Коби патувал кон неговата кошаркарска академија кога се случила несреќата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата