x

Во немилост на Мурињо: Деле Али ќе биде новиот „Икер Касиљас“

dele-ali-psg

Жозе Мурињо полека го „отпишува“ Деле Али од тимот на Тотенхем. Некогашниот главен играч на тимот од Лондон кој беше баран од гигантите Барселона и Реал Мадрид, сега е во немилост на менаџерот Жозе Мурињо кој го изостави од тимот против Њукасл.

Али играше како стартер и во Скопје против Шкендија, но на невообчаена позиција – како шпиц. И не се снајде Али, па беше заменет, но треба да се има во предвид дека тоа не е негова главна позиција. Тој игра како полушпиц, повеќе како организатор на играта во средниот ред.

Англиските медиуми веќе пишуваат дека Деле Али ќе биде новиот Икер Касиљас. Во времето кога беше во Реал Мадрид, Мурињо го оставаше на клупа Икер, му даваше шанса на Диего Лопез, иако во тоа време Касиљас ја носеше и капитенската лента.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата