Иако е одиграно само првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони, фудбалерот на Рома, Алесандро Флоренци најверојатно го постигна најубавиот погодок за оваа сезона во најпрестижното клупско натпреварување.

Репрезентативецот на Италија ја погоди мрежата на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Барселона, со удар од центарот на фудбалскиот терен.

Благодарение на неговиот еврогол, римската “волчица” освои еден бод во дуелот против големиот фаворит.

Сакав да шутнам, да се обидам да го изненадам Тер Штеген. Го имав Џеко, но решив да не му додадам… само замавнав со ногата и си помислив, но најлош случај ќе биде гол-аут. Како се чувствував кога топката влезе во мрежата? Не ми се веруваше, затоа и првата реакција ми беше со рацете да си го покријам лицето. Ваков гол се дава еднаш во животот, јас сум пресреќен што го дадов токму против Барселона. Се чувствуваме како да сме го искачиле Монт Еверест. Свесни сме дека ова не е победа туку само реми, но мора да е знае дека игравме против најдобриот клуб во светот и успеавме да го запреме, изјави крилниот напаѓач.