Специјалните полициски служби итно вршат увид во пет училишта, детска болница и породилно одделение во Москва, како и дванаесет окружни судови, по анонимни предупредувања за бомби објавени во тие згради.

„Сè уште стигнуваат закани за поставени бомби низ Москва“, изјави извор од службите за итни случаи за „ТАСС“.

Како што е соопштено, во моментот се проверуваат осум локации и во потрагата се вклучени специјални единици и кучиња трагачи.

„Заканите за бомби продолжуваат да пристигнуваат во судовите во Москва. Непознато лице пријавило дека во окружниот суд Коптевски бил ставен експлозивен материјал и во тек е безбедносна проверка“, пренесува „ТАСС“.

И неколку окружни судови во Санкт Петербург добија слични закани утрово и во тек е евакуација.

извор: Makfax