Најновиот тренд на очила за сонце се проѕирните рамки кои оваа сезона ќе остават голем печат. Било да планирате викендите да ги поминете на планина, покрај вода или едноставно во некое од градските кафулиња, новата сезона со себе носи и нови услови за покажување на вашите омилени додатоци. Иако најверојатно повеќето модни зависници ги обожаваат своите класични рамки, пожелно е оваа пролет да се обрне внимание и на овој тренд.

Бои: Транспарентните рамки најдобро им прилегаат на лицата со потемен тен и кафена до црна коса. Оние со светол тен и русокосите ризикуваат со тој вид на рамки и сепак е најдобро да се држат до традиционалните модели.

Величина: проѕирните очила даваат чувство на невидливост, но истовремено ве прават и многу впечатливи. Округли или правоаголни…. зависи само од вас.

Модел: Изберете рамки кои нема да ги покриваат веѓите. Во спротивно ќе изгледате како да ги немате, а тоа не е она што би сакале.