Ракометарите на актуелниот машки ракометен државен првак Вардар, денеска наутро ќе отпатуваат за Добој, каде од утре до петок ќе земат учество на силниот меѓународен традиционален турнир “Добој 2004”. На турнирот ќе настапат осум екипи, а Вардар се наоѓа во првата група заедно со белградски Партизан, домаќинот Слога и репрезентацијата на Алжир. Во втората група се Црвена звезда, Медвешч ак од Загреб, Босна од Сараево и Пик Сегед од Унгарија, противникот на Вардар во ЛШ. Стручниот штаб на Вардар, тренерот Драган Ѓукиќ и неговиот помош- ник Стојан Петрушевски имаа многу проблеми со повреди и болест на речиси половина од екипата. Но, тие веќе се санирани, со исклучок на српскиот интернационалец Вучи- чевиќ, кој тренира, но с&”238; уште чувствува последици од операцијата на рамото од пред неколку месеци. За турнирот и за натамош ниот тек од подготовките, тренерот Стојан Петрушевски, ни рече: – По обемните подготовки “Добој 2004” ќе биде убава проверка за на- шите играчи, да видиме колку и што сме сработиле. Патуваме со голем мотив да го одбраниме трофејот што го освоивме минатата година. Сите првотимци се орни за борба и ветуваат дека ќе дадат с&”238; од себе. По Добој се враќаме во Лазаревац, каде што ќе ги продолж име подготовките, а потоа одиме на “Трофејот Белград”, претстојниов викенд, каде што ќе си ги одмериме силите со Ц.звезда, Партизан и Војводина. Потоа се враќаме во Скопје и ќе стартуваме во домашниот шампионат, што ќе почне на 25 септември.