Традиционално, на Духовната академија ќе учествуваат деца од Скопје кои ќе изведат хорски црковни песни, а предвидено е и читање псалми.

Утре, на денот на празникот, во манастирот ќе се одржи света божествена литургија (08:30) на која ќе чиноначалствува неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Одбележувањето ќе биде збогатено и со културно-забавна програма. Како и минатите години, во дворот на манастирот на празникот по богослужбата се одржува крводарителска акција.