Македонскиот амбасадор во Австралија Веле Трпевски и почесниот конзул во Перт Зоран Ќосески пред бројни потенцијални инвеститори од деловниот сектор ги презентираа можностите за водење бизнис и потенцијалите за инвестиции во Македонија, со фокус на секторите ИТ, рударство, земјоделство и производство.

Претседателот на Македонско-западно австралиската стопанска комора Крис Вржовски ги повика австралиските компании да ја посетат Македонија како атрактивна бизнис дестинација.

Амбасадорот Трпевски и конзулот Ќосески истакнаа дека во изминатите години, се бележи позитивен тренд во рударскиот сектор во Македонија како и севкупните трговско деловни идноси помегу двете земји.