На територијата на Македонија во 24 градови има пациенти со дијагностициран КОВИД-19. Вкупната бројка на досега позитивни пациенти на коронавирусот се искачи на 1225 пациенти, додека бројката на смртни случаи изнесува 54, додека пак 200 лица се излекувани.

Сите градови каде досега се дијагностицирани позитивните на коронавирус се: Скопје – 411,  Куманово – 338,   Дебар – 51, Штип-34,  Прилеп –117,  Тетово – 57, Струга – 55,  Велес – 59, Битола –17,  Охрид –15, Кавадарци – 4, Гостивар –13, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-4,  Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 27,  Пробиштип – 2,  Кичево – 2, Неготино -2,  Демир Хисар – 1,   Македонски Брод -2, Пехчево- 1

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа   потврдени се 18 нови случаи на коронавирус: Скопје-2, Куманово-9 , Штип-2, Тетово-2, Велес-1, Гостивар-1, Пехчево-1, додека пка тројца се починати.

Добрите вести се што регистрирани се 21  излекуван пациент – 16 од Скопје, 3 од Куманово и 2 од Штип и со ова до денеска, бројката на излекувани пациенти во земјата изнесува 200.