x

Во Лига 1 дури 30 фудбалери позитивни на „Ковид-19“, еден меч веќе е одложен

liga-1

За овој петок е планиран стартот на новата сезона во Лига 1, но веќе една средба е одложена. Првенството требаше да го отворат Марсеј и Ст.Етиен, но овој меч е одложен поради позитивни случаеви на коронавирус во таборот на Марсеј.

Во францускиот шампионат до сега има 30 фудбалери кои се позитивни на коронавирус, а според правилата на тамошната федерација, доколку во еден тим има барем четворица играчи заразени со „Ковид-19“ во тој случај мечот мора да се одложи.

Македонскиот репрезентативец, Влатко Стојановски и Ним во првото коло го пречекуваат тимот на Брест, дуелот се игра на 23. овој месец.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата