Во ланчан судар на цистерна, два патнички автобуси и неколку автомобили на автопат во близина на Дамаск загинаа 30 луѓе, а повеќемина се повредени.

Сириската агенција „САНА“ јави дека несреќата се случила на патот Дамаск-Хомс, во близина на мостот Багдад.

Причината за сударот е непозната.

извор: Makfax