Полскиот голгетер Роберт Левандовски ноќта ја помина во кревет со пехарот од Лигата на шампионите. Интересна фотографија напаѓачот на Баерн објави на својот профил на социјалните мрежи, излежувајќи се во кревет со ушестиот пехар.
Лева сезоната ја заврши со 55 голови во сите конкуренции и со тројна круна – Бундес лигата, Купот и Лигата на шампионите.