Властите во Приштина им забранија денес влез на територијата на Косово на српските министри Александар Вулин и Владан Вукосављевиќ, а претходно им беше забранет влез и на шефот на владината канцеларија за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ и главниот секретар на српскиот претседател Никола Сељаковиќ, јавува РТС.

Косовската полиција потврди дека Марко Ѓуриќ бил попладнево уапсен во Косовска Митровица, каде што се појавил и покрај забраната за влез од косовските власти, и вечерва бил депортиран во Србија.

Во придружба на голема колона возила на косовската полиција, Ѓуриќ претходно тргнал кон преминот Мердаре, каде ќе им биде предаден на српските власти.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=FyHzXf1nqsY autoplay:0]

Се очекува косовската полиција, во координација со обвинителството, да донесе одлука за мерките кои ќе се преземат против Ѓуриќ, а се спомнува и можноста за трајна забрана.

Со лисици на рацете и опкружен со околу 100 маскирани припадници на полицијата на Косово, Ѓуриќ „како обичен криминалец бил приведен во полициска станица во приштина”, јавуваат српските медиуми.

[video:https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=xT01DnBksoA autoplay:0]

Портпаролот на косовската полиција Баки Кељани изјави дека полицијата постапува според барањата на министерството за надворешни работи на Косово и властите кои побарале апсење на Ѓуриќ во случај нелегално без дозвола да влезе во Косово.

Косовските медиуми јавија дека Ѓуриќ на средба за внатрешниот дијалог за Косово кажал дека дошол на Косово и Метохија како што ветил и дека северниот дел на Косово „никогаш нема да биде дел од самопрогласената држава или голема Албанија”.

извор mkd.mk