Во последните 24 часа потврдени се 99 нови случаи на коронавирус во Косово, а починале 13 лица. Во истиот период биле тестирани вкупно 406 лица, додека 152 пациенти биле излечени.

Вкупниот број на позитивни случаи во Косово од почетокот на пандемијата е 12.547, додека бројот на активни случаи е 3.410, пренесува „Косово онлајн“. Починале вкупно 480 луѓе.

Најмногу заразени се регистрирани во Приштина, каде се регистрирани 24 нови случаи, во Пеќ 19, и 13 во Гњилане.

извор: Makfax