Од повеќе огнени оружја вчераутро е пукано врз автомобилот на претседателот на Косовската телекомуникациска агенција Антон Бериша, во близина на селото Џурѓивца, општина Глоговац. Нападот врз претседателот на Косовската телекомуникациска агенција се случи неколку дена по прогласувањето на добитникот на тендерот за втор мобилен оператор на Косово. Нема повредени при нападот врз автомобилот.