Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 36 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека вкупно 470 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 14 приеми и тоа пет пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, двајца на Институтот за ТБЦ, тројца пациенти на Клиниката за дерматовенерологија. На ОРЛ се примени двјца нови болни, исто колку и во ковид-центарот на Клиниката за гастроентерохепатологија. Во ковид-центарот во 8 Септември имало 11 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 11 болни“, посочуваат од ресорното министерство и додаваат дека во изминатите 24 часа дома се пуштени 39 оздравени пациенти.

Од вкупно 470 пациенти во главниот град, голем дел се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 46 слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во 8 Септември.

извор: Makfax