На присутните им се обрати Даме Силјаноски кој во име на граѓанската иницијатива истакна дека и вечерва целта на маршот ќе биде да упатат порака за унитарна, заедничка Македонија на сите граѓани, без прифаќање на платформи создадени во туѓи држави.

– Уште еднаш ги повикуваме сите наши сограѓани, без оглед на национална, верска или партиска припадност што сакат да живеат во нашата заедничка држава Македонија да ни се придружат на нашите мирни протести. Ќе продолжиме со протести додека не се осигураме дека Македонија ќе остане таква каква што си ја сакаме и каква што треба да биде, унитарна и заедничка за сите нејзини граѓани, додаде Силјанoски.