Во последните 24 часа во Кина се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус и 25 асимптоматични случаи, кои кинеските власти не ги внесуваат во официјалната статистика.

Како што објави Националната здравствена комисија, во истиот период не биле евидентирани смртни случаи, пренесува TАСС.

Додадено е дека се увезени сите нови случаи на вирусот Ковид-19.

Од почетокот на пандемијата во Кина се заразени 85.291 лица со коронавирус, од кои 2.742 се увезени, односно се евидентирани меѓу патници од странство.

4.634 лица починаа, а моментално се активни 173 случаи, од кои два се во критична состојба.

извор: Makfax