КБ Прво пензиско друштво на осум дена пред истекот на рокот за зачленување во приватните пензиски фондови има склучено околу 37 илјади договори со осигуреници, а очекува до крајот на годинава да ја надмине и бројката од 40 илјади. Според директорката Јадранка Мршиќ, тие се задоволни од реализираниот број на договори и оти тој е во рамките на очекувањата. Сепак, од ова пензиско друштво истакнуваат дека нивната работа за привлекување на членови не престанува со завршувањето на овој рок, бидејќи и по почнувањето на функционирањето на вториот столб, односно издвојувањето на дел од пензиските придонеси и во приватните пензиски фондови, ќе треба да се привлекуваат сите нови вработени, за кои двостолбниот систем е задолжителен. Друштвото ќе се потруди да работи што поуспешно за да може на своите членови да им обезбеди поголеми приноси. (Р.Н.)