Во општина Карпош од страна на комуналните служби се спроведува шестата дезинфекција на влезните делови од зградите, поштенските сандачиња, гелендерите и лифтовите.

„Етапно, се работи во сите урбани заедници каде што има згради со повеќе од осум домаќинства.Локалната самоуправа постојано го следи развојот со најновите случувања околу пандемијата со коронавирусот и правовремено презема мерки за заштита од истиот“, велат општинските власти.

Градоначалникот на општината, Стефан Богоев, ги повикува граѓаните да ги почитуваат предвидените мерки, и да се придржуваат до истите, се со цел, што побрзо враќање на нормалното секојдневие.

извор: Makfax