На сите оние кои живеат во Ломбардија и 14 други централни и северни провинции, ќе им треба посебна дозвола за патување, бидјќи Италија воведува карантин во заразените подрачја, а тука спаѓаат и Милано и Венеција.

Како што изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте ќе бидат затворени училиштата, спортските сали, музеите, ноќните клубови и други места во целата земја.

Мерките, најрадикалните преземени надвор од Кина, ќе траат до 3 април, пренесе „Би-би-си“.

Италија забележа најголем број на случаи на коронавирус во Европа. Строгите нови карантински мерки влијаат врз четвртина од италијанското население.

Бројот на починати во Италија надмина 230 лица, а официјалните лица пријавија над 36 смртни случаи за 24 часа. Бројот на потврдени случаи со коронавирус во земјата веќе изнесува 5.883 лица.

„Ние сакаме да го гарантираме здравјето на нашите граѓани. Разбираме дека овие мерки ќе наметнат жртви, понекогаш мали, а понекогаш и многу големи“, рече Конте утрово.

извор: Makfax