Вчера во 12:00 часот на граничен премин Богородица, на царинскиот терминал, царинските службеници, во товарно моторно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.(47) од Делчево, пронашле 15 илегални мигранти од Авганистан, од кои пет деца. Мигрантите биле пренесени во транзитен центар за понатамошна постапка и се работи на расчистување на случајот, соопшти полицијата.

извор: Makfax