Во Италија за 24 часа починале 575 луѓе од коронавирус. Бројот на новозаболени е 3.493. Во Италија досега починале 22.745 лица и пријавени се вкупно 172.434 случаи на инфекција со коронавирус.

Вчера, бројот на жртвите беше 525, а бројот на новозаразени 3.786.

Во средата, бројот на починати беше 578, а бројот на нови случаи 2.667, што е најниско од почетокот на март.

Иако владата минатата недела го продолжи карантинот во земјата до 3 мај, таа размислува и за начини да ги олесни драконските мерки воведени пред повеќе од еден месец.

Ломбардија, најтешко погодена од пандемијата на Ковид-19 со повеќе од 11.300 смртни случаи, сака да ја врати економската активност на 4 мај, денот кога ќе бидат укинати мерките за изолација, но вирологот Андреа Кризанти вчера рече дека Италија не е подготвена за укинување на карантинот и дека вистинскиот број на заразени е многу поголем од официјалниот број.

извор: Makfax