Во Италија се потврдени 34.505 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број на случаи за еден ден од почетокот на пандемијата.

Во истиот период, 445 лица починале како резултат на вирусот, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 40.192, пренесува „Ројтерс“.

Така, Италија стана шеста земја во светот во која бројот на смртни случаи достигна 40.000.

Од почетокот на пандемијата во Италија, вкупно 824.879 лица заболеле од коронавирусот.

извор: Makfax