Вкупното бројка на заболени од коронавирус во Италија надмина 200.000, соопштија италијанските власти.Во последните 24 часа, потврдени се уште 2.091 новозаразени, а вкупниот број на заболени се искачи на 201.505, пренесува Ројтерс.
        
Исто така, зголемен е и бројот на починати – 382, што е за околу 50 повеќе од претходниот ден, додека вкупниот број на починати е 27.359.
        
Во Италија, по скоро два месеци изолација, на 4 мај ќе се олеснат мерките воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот, а повеќе од 60 милиони граѓани ќе имаат поголема слобода на движење во регионот.

извор: Makfax