Со коронавирусот досега се заразени 25 милиони Иранци, а на ризик од заразување се изложени уште 35 милиони, изјави претседателот на Иран, Хасан Рохани.

„Нашата проценка е дека досега 25 милиони Иранци се заразени со овој вирус, како и дека околу 14.000 ги загубиле своите животи. Вкупно, повеќе од 200.000 се хоспитализирани”, изјави Рохани во обраќање на иранската државна телевизија.

Иран е најтешко погодена земја на Блискиот исток кога станува збор за пандемијата на коронавирусот.

извор: Makfax