Жителите на Индонезија кои одбиле да носат заштитна маска за време на пандемијата на коронавирусот биле казнети со копање гробови за оние кои починале од вирусот во провинцијата Источна Јава.

„Во моментов имаме на располагање само три копачи на гробови, затоа решивме да ги ангажираме оние што одбиваат да носат маска“, рече еден од локалните политичари, пренесува „Џакарта пост“.

Казнетите луѓе не доаѓаат во контакт со мртвите, туку само копаат и подготвуваат гробови, а здравствените работници во заштитни костими ги спуштаат починатите.

Индонезија донесе закон во април со кој се бара носење маски, а правилата подоцна беа заострени бидејќи Источна Јава забележа голем скок на заразени во јули, кога беше откриено дека 70 проценти од луѓето не носат маски.

Индонезија досега имала повеќе од 220.000 случаи на инфекција и речиси 9.000 смртни случаи.

 

извор: Makfax