Денес во Индија се регистрирани речиси 50.000 нови случаи на ковид-19, а премиерот Нарендра Моди планира да отвори нови нови капацитети за тестирање во 3-те најголеми градови.

Во последните 24 часа во таа земја беа потврдени 49.931 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број заразени достигна над 1,4 милиони.

Индија е трета земја во светот во однос на бројот на заразени, но со 32.771 смртни случаи таа е меѓу оние со најниска стапка на смртност, пренесува АП.

Кабинетот на Моди соопшти дека денеска ќе бидат отворени нови лаборатории за тестирање примероци во Њу Делхи, Мумбаи и Колката, што ќе им помогне на надлежните органи да го следат ширењето на вирусот.

Секоја од овие лаборатории ќе може да тестира до 10.000 примероци на ден.

Само во текот на вчерашниот ден биле тестирани 515.000 луѓе во Индија.

извор: Makfax