x

Во идеалниот тим на Мурињо нема место за Ибрахимовиќ, Рамос, Погба…

murinjo2

Португалскиот стратег Жозе Мурињо го избра својот идеален тим составен од фудбалери кои ги тренирал во текот на богатата кариера, а во него се дури осум поранешни играчи на Челзи. Мурињо работеше во Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, а сега е на клупата на Тотенхем.

Во разговор за „Manchester Evening News“ откри како изгледа неговиот тим од 11 фудбалери.

Во дефанзивниот ред одбра дури четири фудбалери кои ги тренираше во Челзи и еден во Интер.

На голот Петр Чех, стопери Џон Тери и Рикардо Карваљо, а бекови Вилијам Галас и Хавиер Занети.

Во средниот ред се Месут Озил со кого соработуваше во Реал Мадрид, како и Клод Макалеле и Франк Лампард од времето во Челзи.

Во нападот се уште две поранешни ѕвезди на лондонските „сини“ – Еден Азар и Дидие Дрогба, како и екс-ѕвездата на Реал Мадрид Кристијано Роналдо.

Во неговиот тим немаше место за асови како Златан Ибрахимовиќ, Серхио Рамос или Пол Погба.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата