x

Во забрзан ритам: Прволигашите за 11-ет дена ќе одиграат четири кола!

makedonija-skupi-1

Во стилот на Премиерлигата и нивниот “Боксинг деј“, нашите прволигашки клубови ги очекува пеколен финиш на есенскиот дел. Имено за само 11 дена, нашите клубови од елитата ќе одиграат дури четири кола, односно секој тим ќе има за играње по четири натпревари.

Викендов, односно во недела (06.12) се играат мечевите од 15.коло, потоа во среда (09.12) на ред е 16.коло. Следната недела (13.12) на програмата е 17.коло а потоа во среда (16.12) завршува есенскиот дел со мечевите од 18. коло.

Календарот е така направен со една цел. Имено во пролетната полусезона ќе се одиграат “само“ 15 кола, тука се и полуфиналето и финалето од Купот, се со цел нашата репрезентација да има што повеќе слободни термини за подготовки ако се знае дека Македонија игра на ЕВРО 2021, за првпат во својата историја.

Јасно е дека во најголем дел нашите репрезентативци доаѓаат од странство, но има и од нашите клубови.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата