Утрово непознато лице се забило со својот автомобил во оградата пред канцеларијата на канцеларката Ангела Меркел во Берлин.

Деталите за инцидентот сè уште не се познати, а нема податоци за повредените.

Според полицијата, мажот кој управувал со возилото веднаш бил приведен.

Според странските медиуми на автомобилот се испишани пораките „Стоп за глобализацијата“ и „Проклети убијци на деца и стари лица“.

Во моментов вооружени припадници на полицијата и полициски кучиња се пред седиштето на германската канцеларка.

Меркел требаше да биде домаќин на видео конференција на тема продолжување и заострување на епидемиолошките мерки и понатамошните чекори за борба против пандемијата.

Автомобил со испишани пораки УДРИ ВО ПОРТАТА ПРЕД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА МЕРКЕЛ (фото+видео) https://vecer.mk/node/540475

Posted by Вечер on Среда, 25 ноември 2020