Иранците излегуваат на улиците во Керман за да го осудат убиството на генералот Касим Сулејмани, извршено од страна на американските сили.

Говорниците порачуваат дека Иран жали за убиениот генерал.

Сулејмани, кој ги водеше иранските воени операции во Ирак и Сирија, е убиен додека се враќал од аеродромот во Багдад. Во нападот е убиен и заменик-шефот на Иранската револуционерна гарда, Абу Махди ал-Мухандес, близок соработник на Сулејмани. Белата куќа објави дека американскиот претседател Доналд Трамп во раните утрински часови наредил воздушен напад.

извор: Makfax