Државната изборна комисија конечно закажа седница за во 18:15 часот.

Се очекува ДИК да ги објави неофицијалните конечни резултатити од вчерашните парламентарни избори.

Објавувањето на резултатите од изборите се пролонгираше бидејќи сајтот на ДИК не функционира од затворањето на гласачките места па имаше могу обвинувања и хаос со пребројувањето на гласовите.

Седницата ќе се емитува во живо на Јутјуб каналот на ДИК.