Повеќедецениската јазична војна меѓу Хрватска и Србија ништо чудно да се префрли и во Европската унија. Засега, Хрватите се убдени, бидејќи пред својот источен сосед влегуваат во ЕУ, дека нивниот јазик ќе биде 24 службен јазик во Унијата. Меѓутоа, деновиве умот им го помати британскиот конзервативец , европарламентарецот Чарлс Тенок, кој при еден разговор со хрватската министерка за правосудство Ана Ловрин и словенечкиот претставник во ЕП , Јелко Кацин рече:

“Зар мислите дека ќе ги оптоваруваме трошоците за преведување од босански, црногорски, српски и хрватски? Тие земји од Западен Балкан би требале да прифатат еден службен јазик кој сите го разбираат -српскохрватскиот” – дрско изреагирал Тенок. Секако, тој не можел да забележи дека Словенецот Кацин зборувал на српскохрватски јазичен микс.

Хрватскиот печат веднаш реагираше на оваа изјава, осудувајќи го ставот на британскиот конзервативец. Помислата на заедничкиот јазик толку ги вознемири, што се повика на членот 22 од Повелбата за темелните права во ЕУ кој ја гарантира јазичната различност и на членот 21 кој забранува секаква дискриминација, вклучувајќи ја и јазичната.