x

Во ера на корона, Челзи се засилува

Додека фудбалот во Европа е парализиран и никој не тренира, Челзи ги засили своите редови. Нов член на „сините“ од Лондон е германската репрезентативка и капитен Мелани Леполц. 26-годишната фудбалерка од средниот ред со Челзи потпиша договор на три години, а ќе му се приклучи на новиот клуб од јули.

Инаку таа досега го носеше дресот на Баерн Минхен, а претходно ги бранеше боите на Фрајбург. Леполц е стандардна репрезентативка на Германија од 2013 година и учесник на три големи натпреварувања вклучувајќи го и триумфот на женското ЕП 2013 и Олимписките игри во 2016.

Челзи објави дека овој трансфер, фотографиите и видеата биле направени пред неколку недели, уште пред да почне корона-кризата во Европа и да стапат на сила мерките на Владата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата