Дали властите во Тирол се обиделе да ја заташкаат инфекцијата во скијачкиот центар Ишгл е главна тема која се дебатира и во која се бара одговорност од надлежните.

Имено, Ишгл би можел да биде жариште за ширење на корона вирус во Европа, бидејќи токму од таму во барот “Kicloh” за време на одмор стотина туристи се заразиле со корона вирус, пренесуваат медиуми.

Исто така, 200 лица од Ален во Германија се инфицирале во Ишгл. Уште на 5. март Исланд ја прогласил покраината Тирол за регион со висок ризик и сите туристи кои се вратиел после 29 март ставени се во карантин.

Предходно кај една група туристи утврдено е дека се инфицирале, но официјаленТирол тврди дека е неможно дека се заразиле во Ишгл.

Три дена подоцна се дознало дека еден работник од барот “Kicloh”, 36 годишен германец, бил заразен од коронавирус.

Властите воТирол спровеле истрага и го затвориле овој омилен локал за ски-журки дури два дена подоцна.

На 12 март властите во Тирол предвреме го затвориле скијачкиот центар Ишгл, а ден подоцна целиот регион е прогласен на зона карантина.

Одговрните во Тирол отфрлаат секаква критика во врска доцното преземање на мерки. Тврдат дека реагирано е веднаш откако се поврдило со факти.

Данските и норвешките здравствени власти сметаат дека Австрија е главно жариште на корона вирус, бидејќи дури 265 Данци и 459 Норвежани се заразени токму во Австрија. Во Шветска дури 18 отсто и се инфицирани како последица од престој во Австрија