Седум загинати, повеќемна повредени и голема материјална штета, е билансот од три собраќајни несреќи кои се случија во текот на вчерашниот ден по патиштата низ Албанија.

Најмногу жртви, дури четири, меѓу нив и петнаесетгодишно девојче, има во сообраќајката на патот Корча-Поградец, кај селото Дрита, што се случи на полноќ ноќта меѓу неделата и понеделникот, кога комби возило во кое патувале четирите жртви, а било натоварено и со земјоделски производи, излетало од патот.

Во друг случај, автомобил со кој патувале пет лица, излетал од патот и паднал во водите на реката Осум кај Скрапар. Во оваа собраќајка животот го загубиле две лица.

Вчера претпладне во сообраќајка на патот Плепа-Шкозет автомобил удри пешаци на пешачки премин и усмрти еден од нив.

Во патиштата низ Албанија во просек годишно животот го губат околу 350 лица. Најмногу сообраќајки се случуваат во летниот период, кога фреквенцијата на возила е повеќепати поголема од вообичаено, поради престојот на емигрантите во родниот кирај, како и присуството на туристи.