Инфлацијата во еврозоната забрза во април и изнесува 1,9 отсто, соопшти европскиот завод за статистика Евростат.

Инфлацијата во 19 земји кои го користат еврото, во март била 1,5 отсто на годишо ниво.

Европската централна банка ЕЦБ сака инфлација од 2 отсто на годишно ниво оценувајќи дека тоа претставува знак на здрава економија и стабилни цени.