Против 38 и 37-годишен скопјанец од селата Сарај и Глумово поднесена е кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„На 4 декември во 7 часот, по претходно добиена судска наредба, полициските службеници од Единицата за недозволена трговија извршиле претрес во домот на Б.С.(37) при што бил пронајден кокаин. Истиот ден во 7,30 часот при извршен претрес со судска наредба во домот на Р.П.(38) била пронајдена и одземена марихуана и семки од марихуана“, информираат од полицијата.

Двете лица биле приведени и од Судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор.

извор: Makfax