Вкупно 2 141 приговори за сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на 15 јули се поднесени до ДИК вечерва до 19.30 часот, кога истече рокот за приговарање и по овој основ.

Попладнево, Левица поднела 1 982 приговори, а претходно Алијансата за Албанците, која е во коалиција со Алтернатива, поднела 77 приговори.

До синоќа беа поднесени 82 приговари, од кои најголем број – 74 се исто така од Алијанса за Албанците (но за гласањето), а има и два од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваат на сумирањето на резултатите од гласањето. СДСМ, како што најави, нема поднесено приговори за овие избори.

Синоќа во 21 часот, заврши рокот за поднесување приговори за постапката за гласање.

Роковите за приговори почнаа да течат завчера вечер, откако ДИК ги објави неофицијалните конечни резултати од изборите.

По завршувањето на роковите за поднесување приговори, ДИК се очекува да закаже седница утре, а нјдоцна во понеделеник на која јавно ќе ги разгледа и ќе одлучува, по нив.