Во општина Дебар, во двата предвидени рока, 2011 година, и периодот декември 2015-март 2016 година, поднесени се вкупно 3.187 барања за легализација на дивоградби.

Според Петрит Пачуку, раководител на секторот за урбанизам, од вкупниот број позитивни решенија се издадени за 972 објекта.

– Во секторот за урбанизам во општина Центар Жупа, во двата рока поднесени беа 2.092 барања за легализација. Од вкупниот број, позитивни решенија издадени се на околу 30 насто од подносителите на барања и се запишани во Агенцијата на катастар на недвижности. Во бројки изразено легализирани се 589 дивоградби, вели Шаин Шаќир, раководител на секторот за урбанизам.

Во секторот за управување со градежно земјиште при општина Маврово Ростуше, според раководителот Харис Ибраими, поднесени се 4.590 барања за легализација на дивоградби. Издадени се 1.393 решенија, односно позитивно се решени над 30 насто од вкупниот број барања.

Во трите општини над 500 барања се во тек на решавање.

Од секторите за урбанизам во овие општини ја искажуваат истата оценка дека бавноста во решавањето на барањата пред се е резултат на неажурноста на граѓаните, пред се поради недоставени геодетски елаборати, а многу мал број поради нерешени имотно-правни односи.