Вчера напладне часот на ул.„Скупи“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди А3“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Д.П.(39) од Скопје и мотоцикл „пијаџо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(41) од Скопје. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Околу 17: 20 часот на ул.„Цветан Димов“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.Е.С.(42) од Куманово и мотоцикл „јамаха“, без регистарски ознаки, управуван од Б.М.(23) од Скопје. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.