Прв случај на новиот коронавирус е потврден денеска во соседна Грција, соопшти грчкото Министерство за здравство.

Станува збор за 38-годишна државјанка на Грција која допатувала од Италија, изјави претставникот на грчкото министерство, Сотирис Циодрас, пренесе „Ројтерс“.

Грчката агенција „АНА“ навде дека случајот е потврден во Солун.

извор: Makfax