Министерот за здравство на Германија, Јенс Шпан пред пратениците на ЕУ, истакна дека неговата земја има уште само стотина дози Ремдесивир кој се користи како лек против коронавирусот.

Германија има уште стотина дози лек против коронавирусот – рече Шпан и повика производството на лек да се пресели во Европа.

Немаме голем инвертар, имаме само стотина дози, рече тој на видео конференција во организација на Европскиот парламент.

Производителот на тој лек, нема погони за производство на тој лек во Европа, и тоа е дополнителен проблем за европските земји во набавката на лекот против Ковид-19.