На социјалните мрежи вчера почна да кружи видео во кое се гледа како жители на Гевгелија играат оро на сред улица за време на полициски час.

МВР информира дека постапува по случајот во Гевгелија, каде што жителите играат оро за време на полициски час на сред улица. 

Приведено е едно лице за кое се вели дека е еден од многуте луѓе кои играле на орото на Велигден.