Во водите на Венецуела на бродот „Ареса“ запленет е тон кокаин и уапсени се црногорски државјани, соопшти денеска црногорската полиција.

Како што истакнуваат од таму, станува збор за повеќемесечна меѓународна акција иницирана од црногорската во соработка со холандската, британската и српската полиција.

Црногорски портали објавија фотографии од бродот, а се пренесува и објавата на полицијата на „Твитер“, според која запленет тон кокаин и уапсени се црногорски државјани.

извор: Makfax