Да се избегнува престој во затворени простори со поголем број на лица, бидејќи вирусот на грип лесно се пренесува во контакт со заболени.

” Меѓу болните, 65 се деца до 4 годишна возраст, а 94 деца се до 14 години. Најголем број на заболени 425 лица се во групата на возраст од 15 до 64 години, а 41 се повозрасни лица над 65 години”, информира Билјана Трајкова, епидемиолог.

Појасни дека ова е вообичаено за секој февруари и нема место за паника на граѓаните, но воедно апелира тие да бидат претпазливи бидејќи болеста е лесно пренослива.

Според едвиденцијата на ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес, минатиот месец се регистрирани само 27 заболени од грип, поради променливите температури, бројката континуирано расте.

Ан. Т.