Во Вевчани, струшко, при чистење на одводен канал, била пронајдена една рачна бомба со непознато потекло од Втората Светска Војна и една кесичка со барут.

Од страна на овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување рачната бомба била безбедно подигната и предадена за понатамошна постапка.

извор: Makfax