Во Бугарија, во последните 24 часа беа потврдени 3.519 нови случаи на коронавирус, а 152 лица починаа, објавено е на владината веб-страница за следење на епидемијата.

Од последниот пресек, тестирани се 7.934 лица.

Во моментов има 5.353 пациенти во болниците, од кои 288 се на интензивна нега, пренесува ТAСС.

Од почетокот на епидемијата во Бугарија се заразени 101.770 лица, од кои 2.282 починале.

извор: Makfax