Еден маж е уапсен во центарот на Брисел откако, според белгиските медиуми, се утврдило дека носи појас со експлозив. Поради тоа евакуиран е трговскиот центар „Сити 2″.

Сепак, белгиската полиција не пронајде експлозив кај приведеното лице. Тој на себе имал појас што личел на експлозив, но појасот бил полн со сол. Полицијата соопшти дека станува збор за непресметлив човек.

Претходно било пријавено дека во трговскиот центар е поставена бомба, па полицијата го блокирала целиот регион, како и обиколните булевари и метро станицата „Рожије”.

Белгискиот премиер Шарл Мишел го прекина интервјуто во живо за телевизијата РТЛ поради, како што изјави, „многу сериозната ситуација” и свика вонредна седница на Кризниот центар, која е во тек.